Заврши санацијата на дефектот кој предизвика пропаѓање на дел од коловозот на крстосницата кај маркетот „Макси Д“. Овој дел од улицата денес се асфалтира и како што информираат од ЈП „Нискоградба“, се очекува во текот на денот да биде отворена за сообраќај.
Надлежните служби од Ј.П. „Нискоградба“ во изминатите десеттина дена извршија замена на оштетените цевки од канализациониот систем кои беа преполовени поради што дојде до отворање на голема дупка во коловозот.
Од страна на надлежните беше утврдено дека причина за дефектот било нестручно изведување на дождовната канализација пред повеќе од десет години.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com