По 8 сезони со емитување на последната епизода, денеска заврши најгледаната серија во историјата, фантазијата од средниот век „Game of Thrones“. Расплетот на серијата продуцирана од „HBO“, го следеше милионска публика, која ги преплави социјалните мрежи и интернетот со коментари, а некои од нив одат во крајности.

Имено, серијата завршува со неочекувани пресврти и обезличување на дел од главните ликови.  Таквиот расплет не им се допадна на многумина, па така над милион обожаватели покренаа петиција да се пресними последната епизода од серијата. Завршницата доби и многу комплименти, дел од познати личности. Звучи неверојатно, но фановите најдоа голема грешка во последната епизода од „Game of Thrones“. Во една од сцените покрај актерите може да се забележи пластично шише со вода, што предизвика лавина реакции, дотолку повеќе што се работи за високо буџетна серија.

Серијата „Game of Thrones“, која е работена по адаприраното сценарио од книгата „A Song of Ice and Fire“  на George R. R. Martin, е рекордер во многу сегменти, меѓу другото и по 48-те Еми награди. Последната, осма сезона, само во САД ја проследиле 106 милиони гледачи.

OhridNews
фото: „HBO“