Со одигрувањето на натпреварите од последното 36.коло, заврши сезоната 2016/2017 во Првата македонска фудбалска лига.
Расплетот за оваа сеозна беше познат уште пред одигрувањето на последното коло, Вардар надмоќно ја освои титулата, 11-та во клупската историја. „Црвено-црните“ ќе играат во квалификациите во Лигата на шампионите.
Во квалификациите за Лига Европа ќе настапат освојувачот на Купот Пелистер, односно Шкендија и Работнички.
Од елитата испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, а нови членови станаа Академија Пандев и Скопје, додека бараж ќе играат Шкупи и Новаци.
Во последното коло шампионот Вардар одигра 0:0 со Силекс. На овој меч тимот со капитенската лента го предводеше Влатко Гроздановски кој воедно се прости со „црвено-црниот“ дрес, исто како и Благоја Љамчевски.
Резултати: Вардар-Силекс 0:0, Победа-Ренова 0:3, Шкендија-Пелистер 2:1, Брегалница-Работнички 6:2, Шкупи-Македонија ЃП 1:1
Табела: Вардар 83, Шкендија 70, Работнички 54, Пелистер 52, Ренова 52, Силекс 47, Победа 41, Шкупи 37, Брегалница 24, Македонија ЃП 23.
OhridNews