По четири дневна работа вчера беше заокружено шестото издание на Меѓународната уметничка колонија „Трпејца 2023“.

Главна инспирација на уметниците во сликањето им беше околината на преубавата Трпејца сместена меѓу синото езеро и планината Галичица.
Изминатите шест години на Колонијата се изработени стотина уметнички дела во разни техники, од кои половината се во сопственост на организаторот Здружението „За Трпејца со љубов“.
Меѓународната уметничка колонија во Трпејца се одржа под покровителство на Општина Охрид, а во знак на благодарност за досегашните учества уметникот Петрит Лараку на Подрачното училиште во Трпејца му подари едно свое дело.
OhridNews










