Деновиве со снимање заврши краткиот игран филм „Размена“ на режисерот Иво Трајков по сценарио на Верица Недеска, кој изминатиов период се снимаше на две локации во Охрид, јави „Нова Македонија“.

Актерската екипа работеше со часови на сцени кои се збогатени со прекрасна панорама на Охрид и езерото од населбите на планината Галичица.

Станува збор за љубовна приказна која се работи по сценарио на Иво Трајков и Верица Недеска – Трајкова. Главните улоги ги толкуваат: Сашко Коцев, Верица Недеска – Трајкова и Викторија Мироваја од Русија. Помали улоги имаат и Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ.

OhridNews