Со оддржување на последната рабоилница во основното училиште ,,Кочо Рацин“ во Охрид, Младински Совет ја заврши третата фаза од проектот за едукација на деца од третите и четвртите одделенија во основните училишта за разумно користење на електричната енергија. Беа посетени осум училишта од регионов при што беа опфатени 464 ученици.

Четвртата фаза  ќе продолжи со реализација во февруари идната година. И во неа е предвидено да се опфатат 348 ученици од осум училишта во четири општини.

По завршувањето на оваа фаза ќе биде организиран квиз натпревар, а во тек е конкурс за ликовни и литератирни творби.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од ЕВН Македонија, а координацијата на активностите ја спроведува КОНЕКТ-Скопје.

Ohridnews