Заврши третата фаза од вештачкиот мрест на охридската пастрмка кој го изведуваше Институтот за сточарство-Скопје, преку Мрестилиште во село Шум.


Се изврши порибување на Струшкиот дел од Охридското езеро со 500.000 парчиња на охридска пастрмка со просечна тежина од 2 грама, добиени во првата фаза од вештачкиот мрест кој се одвиваше во периодот Јануар-Март 2011 година на Струшкиот дел од Охридското езеро, со порибување на локалитетите кај Струга, селата Калишта и Радожда.

 Целокупниот процес од излов на матици за Мрестилиштето во Шум, одгледувањето и самиот процес на порибувањето е под надзор на Државниот инспекторат за земјоделство.


Овој процес во целост е финансиран од Владата на Република Македонија, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои финансиски ги поддржуваат  двете институции кои го вршат вештачкиот мрест на Охридската пастрмка- Ј.Н.У Хидробиолошки завод од Охрид и Институтот за сточарство Скопје.

Од страна на  спортско-рекреативните  здруженија “Пастрмка” од Струга и “Св. Апостол Петар” од Охрид во наредниот период е најавено заедничко  порибување со охридска пастрмка на сливот на Охридско езеро и реката Црни Дрим.

OhridNews