По извршената реконструкција и замената на бекатон плочките со гранитни, се изврши и хортикултурно уредување на плоштадот „Табана“. Поставена е и инсталација за соодветно осветлување, а просторот е оплеменет со жардинерии со сезонско цвеќе.

Од локалната самоуправа информираат дека вредноста на проектот е 2.672.582 денари. Општина Охрид го реализира во соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион.

OhridNews