Со презентација на резултатите денеска завршува втората фаза од акцијата за чистење на Охридското Езеро од неексплодирани убојни средства.

Изминатите триесет дена специјален тим го чистеше езерското дно од неексплодирани убојни средства кои во најголем дел потекнуваат од периодот на  Првата светска војна.  Тие беа лоцирани со специјални детектори, кои заедно со мамут пумпа за чистење на тињата беа донирани на Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија која ја организираше акцијата со финансиска поддршка на американската Влада и Меѓународната фондација за заштита од мини „ИТФ“ – Словенија.

OhridNews