Со доделување на  сертификатите  на 15-те вработени од различни сектори  во општина Охрид, вчера беа  заокружени шест месечните обуки за само оценка при работа „Common assessment framework“, кои ги спроведуваше Британската Амбасада  и Центарот за управување со промени од Скопје.

Целта на обуките  беше  професионализација на вработените  во општината  и нивна  поголема  ефективност  при услужување на граѓаните.

Инаку Охрид е трета  општина во државава во која се спроведоа CAF обуките за само оценка при работа во насока на поголема ефективност и услужување на граѓаните.

OhridNews