Секторот за внатрешни работи Охрид и здруженијата на уметници  „Културен центар Медиа Артес“ и „АРТерија“ од Охрид, ги реализираа осумте работилници во рамки на проектот „Дрога-вистина и заблуди“, во кои беа вклучени ученици од петто до осмо оделение од основните училишта во општините Охрид и Дебрца.
 
Целта на проектот, е примена на концептот на социјална скулптура на германскиот уметник Џозеф Бојс, во правец на уметничка работа со младите и нивна психо-социјална едукација и сензибилизација во однос на прашањата поврзани со злоупотребата на дрогата како девијантна општествена појава, велат организаторите на проектот.

Финалниот продукт на работата на учениците во реализација на проектот, ќе биде колективно уметничко дело кое, заедно со фото-документацијата на процесот ке биде изложено на меѓународна изложба во Стокхолм-Шведска во мај оваа година.

OhridNews