Со средба со жителите од селото Куратица, синоќа, на која учествуваа градоначалникот Јован Стојаноски, секретарот Игор Бежоски и нивните соработници, завршија планираните активности на локалната самоуправа за посета и разговори во сите урбани и месни заедници на територијата на општина Охрид.

-Жителите од селото Куратица на средбата побараа да се испитаат можностите за пренесување на правото со водоводот да стопанисува и да го одржува МЈП „ Проаква-РЕ Водовод-Охрид“, да се оспособи за сообраќај веќе пробиениот пат до селото Брежани во општина Дебрца, да се асфалтира патот до црквата Света Богородица, да се подобри мрежата за улично осветлување и да се наложи, ГП „Гранит“ да ги исчисти каналите кај каменоломот со кој стопанисува, информира локалната самоуправа.

Општина Охрид најави дека ќе се одржат дополнителни средби со месната заедница, на кои ќе се договара динамиката за етапно решавање на споменатите и другите комунални проблеми.

OhridNews