Се очекува да присуствуваат и министерот за локална самоуправа, Муса Џафери , министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, претседателот на Советот на Југозападниот плански регион, Рамиз Мерко. Ќе се изврши промоција на публикацијата Земјоделски и млечни продукти во Југозападниот плански регион, како и свеченото доделување на мобилните лаборатории за испитување на квалитетот на земјиштето.