
Акцијата е дел од проектот „Водата извор на животот“ која има за цел да го подигне нивото на еколошка свест кај пошироката јавност за проблемот со загадувањето на Охридското Езеро. Во акцијата ќе учествуваат 40-на нуркачи кои ќе го чистат езерото од цврст отпад од пристаништето до Сараиште во длабочина до 10 метри.
„Подготовките се во завршна фаза и во недела очекуваме успешна акција“, ни изјави Милутин Секулоски – меѓународен инструктор по нуркање кој исто така ќе биде дел од акцијата.












