Се е подготвено за големото подводно чистење на Охридското Езеро во недела. Мотото на акцијата што  заеднички ја организираат Сојузот за подводни активности на Р. Макдонија, Лајонс клубот „Лихнидос“, Ротари клубот – Охрид и Лајонс клубот „Десарети“, е “КОЛКУ СМЕ НЕСВЕСНИ ЗА ЕКОЛОШКАТА СВЕСТ“

Акцијата е дел од проектот „Водата извор на животот“ која има за цел да го подигне нивото на еколошка свест кај пошироката јавност за проблемот со загадувањето на Охридското Езеро. Во акцијата ќе учествуваат 40-на нуркачи кои ќе го чистат езерото од цврст отпад  од пристаништето до Сараиште во длабочина до 10 метри.

„Подготовките се во завршна фаза и во недела очекуваме успешна акција“, ни изјави Милутин Секулоски – меѓународен инструктор по нуркање кој исто така ќе биде дел од акцијата.

Ohridnews