Јавното Претпријатие Билјанини Извори со финалните натпревари во сабота и недела ја заокружува организацијата на првата Охридска Бизнис лига во мал фудбал. 13 екипи ( компании ) во изминатите три месеци одиграа 12 кола проследени со многу голови, убави потези и секако фер плеј игра. Викендот на најдобрите четири започнува утре ( 02. 03 2013, сабота ) во спортската сала Билјанини Извори со полуфиналните натпревари и тоа:

 
– 18 часот, АД Телеком – Жито Леб

– 19 часот, ЈП Билјанини Извори – Сојуз на училишен спорт

Натпреварите за трето и прво место ќе се одиграат во недела 03. 03 2013 со почеток од 16 часот.

Влезот е слободен и ЈП Билјанини Извори ги поканува сите љубители на фудбалот, спортот сите граѓани на Охрид да присуствуваат на финалниот викенд од првата Бизнис лига во мал фудбал. 

Ohridnews