Во тек се завршните активности за реконструкција и асфалтирање на улицата „Будва“.

Поставен е нов слој асфалт во должина од 700 метри, плочник по целата должина на улицата, а претходно ЈП „Нискоградба“ постави нова атмосферска канализација информираат од Општина Охрид.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10 милиони денари, со која значително се подобруваат сообраќајните и инфраструктурни услови за жителите од населбата „Железничка“, велат од Општина Охрид.

 

OhridNews