Со меѓународниот поетски митинг “Мостови” и врачување на наградата “Златен венец” на годинешниот лауреат Матеја Матевски, наградите “Браќа Миладиновци” и “Мостови на Струга”, вечерва завршуваат годинешните, јубилејни, 50- ти “Струшки вечери на поезијата”.

Според најавите од министерството за култура, генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова, која деновиве престојува во Македонија, ќе има свое обраќање на манифестацијата “Мостови”, при што ќе ја врачи и наградата на УНЕСКО за најдобар млад поет.

Вечерва е предвидено и доделување на наградата на иселениците “Стојан Христов”.

Утре, гостите учесници на манифестацијата ја напуштаат Струга и се упатуваат на прошетка низ Македонија.

OhridNews