Главниот судија на мечот Челси – Манчестер Јунајтед, Марк Клатенбург ќе може предвреме да ја заврши кариерата како професионален судија.

Фудбалерот на “сините“ Џон оби Микел после завршување на мечот кој Челси го загуби со 3-2, се пожалил кај овластените лица од Премиер Лигата дека Клатенбург не бирал зборови да го омаловажува црномурестиот играч.

На таков “валкан“ речник на судијата сугерирал и шпанецот Фернандо Торес кој заработи црвен картон.

Ако на тоа се додаде фактот дека поради таков расистички испад фудбалерот на Челси, Џон Тери заработи низа критики и четири натпревари, на судијата од Њукасл, Клатенбург “црно“ му се пишува ако дисциплинците на Премиер Лигата ги докажат тврдењата на Микел и Торес.

Мх.П.