Вторник  е последниот ден од вториот распишан конкурс на министерството за култура за избор на директор на Националната установа фестивал „Охридско лето“ кој трае  15 дена.

Колку кандидати ќе се пријават по вториот обид на министерот да избере соодветно лице кое ќе ја врши оваа престижна функција, останува неизвесно. 

На првораспишаниот конкурс беа пријавени 12 кандидати кои не ги исполнаа бараните услови.

До изборот на новиот директор со националната установа останува да раководи ВД директорот Васил Зороски. 

OhridNews