Според најновите информации добиени од АМСМ, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на планинскиот премин Буково, но не се задржува на коловозот. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење поради дождот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна почеста појава на одрони.