За околу 270.000 ученици (187 илјади во основното и 81 илјада во средното образование) денеска е последниот ден од наставата во учебната 2015/2016 година и по летниот распуст ќе се вратат во училишните клупи на 1-ви септември.

Учениците деновиве имаат екстерно тестирање по два предмета, од кое резултатите се очекуваат на 17-ти јуни. На 13-ти јуни ќе бидат објавени резултатите од екстерното тестирање на деветоодделенците бидејќи нив ги чека запишување во прва година средно образование на 28-ми и 29-ти јуни.

Матурантите, пак, овој месец ги полагаат трите екстерни предмети од државната матура од која им зависи запишувањето на факултет во август.

OhridNews