Гостите во Трпејца во текот на изминатите осум дена имаа можност да проследат бројни содржини во рамки на манифестацијата која свечено беше отворена на 20 јули со настапот на ансамблот„ Билјана“ и изложба на уметникот Мајкл Клос.
Најмладите учеа да пливаат и играаат шах, а присутните се потсетија на делото на уметникот Димитар Кондовски, проследија концерти, работилници, изложби и уживаа во вечерните променади и настапот на учениците од ОМУ „Методи Патче“.