Во наредните два дена во Маврото, ќе бидат заокружени обуките за самооценка при работа „Common assessment framework(CAF)“, кои изминативе шест месеци на барање на градоначалникот Никола Бакрачески, ги спроведуваше британската амбасада и Центарот за управување со промени од Скопје.

Целта на обуките е професионализација на вработените во општина Охрид и нивна поголема ефикасност при услужување на граѓаните.

„Во изминатиов шест месечен  период колку што траеа обуките за само проценка при  работа, се спроведе процесот на само – оценување каде се направи преглед на во моментов силните страни и областите за подобрување во  локална самоуправа  и се определија предлог активности за подобрување на работењето на општината во однос на 9 критериуми: Лидерство; Стратегија и планирање;  Луѓе;  Партнерства и ресурси;  Процеси;  Резултати ориентирани кон корисници; Резултати насочени кон луѓето во организацијата;  Општествени резултати и  клучни резултати од работата како и   28 пот -критериуми на CAF.“ – велат од локалната самоуправа.

При донесување на финалниот извештај во Маврово, покрај 15-те вработени кои беа дел од обуките, а се од различни општински скетори, ќе присуствуваат и првиот човек на Охрид со раководителите на секторите, со цел да се увидат силните страни, односно областите за подобрување со наведување конкретни мерки и активности.

Имајќи во предвид дека општинската администрација во Велика Британија важи за една од најдобро обучените и најефикасни административни системи во рамките на земјите на ЕУ,  се очекува  по имплементирањето на CAF , Охрид да добие современа и едуцирана локална администрација во насока на унапредување на менаџирањето со квалитетот, велат од локалната самоуправа.

OhridNews