Со доделување на наградата „Книжевна далга“, во дворот на црквата Св. Ѓорѓија во Струга и поетски митинг денеска завршуваат „Струшките книжевни средби- 2014“.
На митингот ќе биде доделена големата наградата „Книжевна далга“ – икона од Св. Ѓорѓи, изработена од академскиот сликар Никола Угриноски од Вевчани.
Добитник на овогодишната награда „Книжевна далга“ е српскиот автор Миљурко Вукадиновиќ.
Инаку, организатори на манифестацијата „Струшки книжевни средби“-2014, се Здружението „Бран“ и списанието „Бранувања“ од Струга.
OhridNews