“Илуминација во ракописното наследство од охридската збирка ракописи” е насловот на  изложбата која ќе биде отворена вечерва во Музејот на Град Скопје. На изложбата ќе бидат изложени 34 стари охридски ракописи од десетти до осумнаесетти век. Тие се дел од  ракописна збирка, која ја поседува НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

Ќе бидат изложени 34 стари охридски ракописи од 10 до 18 век

Настанот претставува ретка можност граѓаните одблизу да ги погледаат овие средновековни книжевни споменици, кои се од големо значење за македонската историја и култура. Акцент на изложбата е илуминацијата, која како карактеристичен елемент има двојна улога. Се појавува како украс, а потоа прераснува како составен дел на текстот. Во Средниот век се развивала како широко применувана уметност, а денес претставува важна гранка од историјата на уметноста.

Изложбата која во Музејот на Град Скопје ќе биде поставена до 2 март, е подготвена од Ленче Мојсовска, историчар на уметност, советник-конзерватор од Завод и Музеј Охрид.

Ohridnews