НУ.Библиотека “Григор Прличев“-Охрид, го збогати книжниот фонд со 29 нови наслови. Станува збор за публикации од областа на белетристика, психологија. монографски изданија.
  
Читателите може да ги изнајмуваат познатите наслови, “Сопругата на дипломатот“, “Принцезата во сенка“, “Заговорот Моцарт“, “Руска зима“, “Креативност“, “Моќта на подсвеста“, “Вистини кои ќе ви го променат животот“, монографиите “Охрид“, “Македонски народни везови“ и други изданија.
   
Насловите на сите нови библиотечни единици ќе бидат објавени на веб страната на библиотеката www nuboh.edu.mk.
    
Збогатувањето на книжниот фонд НУ Библиотека “Григор Прличев“- Охрид, го оствари со финанскиса помош на Министерството за култура на Република Македонија.

OhridNews