Културната понуда на Охрид од синоќа е збогатена со уште една манифестација. Во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид,  се одржа првото издание на манифестацијата „Вечер на архитектурата“.


-Отпочнуваме една традиција која што ќе случува секое лето во Охрид, која ќе биде дел од културната понуда на градот и каде архитектите ќе се дружат и ќе разменуваат мислења, изјави Даница Павловска, претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.


На собирот беа презентирани производи на компнијата „Тондах“, која произведува ќерамиди на природна база, какви што треба да се употребуваат на места каде што има културно – историско наследство, како што е Охрид.


Во рамки на Вечерта на архитектурата, Минас Бакалчев, архитект и професор на Архитектонскиот факултет – Скопје одржа предавање на тема  „Идеални слики/Пертикуларни реалности“, а во изложбениот салон на Центарот за култура беше отворена изложба на Валентин Константиновски, насловена како „Созревање“.

OhridNews