Капитенот на српската репрезентација Дејан Станковиќ по натпреварот со Словенија во кој “олрите“ не успеаа да триумфираат и да обезбедат пласман на ЕП, најави повлекување од “плаво белиот“ дрес.


На ваков чекор се реши и “зидот“ во Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ, кој беше трагичар на дуелот со Словенија, откако промаши пенал при резултат од 1-0 за “змајчеките“. 33-годишниот Станковиќ кој настапува во Интер дресот на “плаво белите“ го носеше на 102 натпревари додека Немања Видиќ има одиграно 56 меча за српската репрезентација.


Србија во квалификациите за Светското првенство во Бразил се наоѓа во група со Македонија, Хрватска, Велс, Белгија и Шкотска.

Мх.П.