Мадриската пресметка во 1/2 финалето во Лигата на Шампиони помеѓу Атлетико и Реал Мадрид беше последна коментаторска задача за еден и единствениот Златко Калински, кој заслужено заминува во пензија.
Почитуван од своите колеги и вистински патоказ и пример за младите коментатори кои преку својот глас мораат да допрат до душата и срцето на гледачите.
Низ 42 годишната новинарска кариера во Македонската радио и телевизија Калински беше речиси на сите спортски збиднувања кои беа емитувани во нашата земја.
Неговата слабост беше „кралицата на спортовите“-атлетиката, но во фудбалот и пред малите екрани ја внесуваше потребната неизвесност и магија која може да се почуствува само во живо. Збогум, Златко Калински.
Мх.П.