– Има поставен знак со предупредување од другата страна на „Мите Богоески“, на улицата „Димитар Влахов“, но за возилата кои се движат по „Даме Груев“ и сакаат да возат по „ Мите Богоески“ никаде нема предупредување, освен сообраќајниот знак кој покажува дека може да се движат право кон „ Туристичка“ и десно по оваа улица, на која во моментов е невозможно да се помине, велат тие, при што бараат надлежните да постават соодветна сигнализација со предупредување .
Градежните зафати на „Мите Богоески“ за поставување на атмосфесрка и фекална канализација започнаа кон средината на месец септември и според најавите треба да завршат кон крајот на октомври.