Докторскиот тим во Ургетниот центар во Белград кој се грижи за здраствената состојба на Огнен Кузмиќ одлучи да го разбудат од индуцирана кома кошаркарот кој имаше страотна сообраќајна несреќа во неделата утрото.

Новите рентгенски снимки и прегледи покажаа значително подобрување на плуќата и главата и Кузмиќ ќе може самостојно да дише што е многу добар знак за комплицирани случаи. Кузмиќ вчера беше опериран и санирани му беа повредите на лицето.

Кошаркарскиот клуб Црвена Ѕвезда во соработка со докторите од Ургетниот центар секојдневно ја информираат јавноста која со шок и неверување ја прифати за Кузмиќ. Кошаркарот се превртел и излетал од патот а сликите од местото на несреќата се трогателни.

Во автомобилот со Кузмиќ бил негов пријател кој исто така забележува напредок во заздрадувањето.

OhridNews

Кузмиќ опериран и останува во индуцирана кома