Младите се срамат од СДСМ и Георгиески и не им веруваат затоа што и во 2019 година ветувањата за младите останаа нереализирани. Самиот градоначалник Георгиески тоа го потврди велејќи: „Од овој кризен менаџмент што јас го работам во изминативе неколку месеци, од исплаќање долгови, пазари, диви градби, не остана баш многу време за младите“, рече на денешната прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС ОК Охрид.

  • Ако е така тогаш како СДСМ и Георгиески ќе се потрудат да ги реализираат активностите и работите за младите коишто ги предвиделе во Програмата? И 2019 година е при крај, а сѐ уште нема Локална младинска стратегија.Младите во Охрид останаа без Канцеларија за млади и воопшто не се вклучени во донесување на одлуките на локално ниво. Младите се излажани затоа нема никаква трага од Младинскиот културен центар, а најмалите ги оставивте без Детскиот културен центар. Со Георгиески нема проекти за едукација, професионална надградба и личен развој на младите. За жал младите не добија ништо од унапредувањето на инфраструктурните услови наменети за поминување на слободното време и занимавање со спорт, рече Здравевски.

Додаде дека повеќе од две години младите чекаат организирање „месец на спортот“ и бесплатно користење на просториите на спортските клубови додека трае месецот на спортот.

OhridNews