На СРЦ „Билјанини извори“ денеска се одржа спортско-забавен хепенинг на кој учество зедоа ученици од прво до четврто одделение од Охрид. Хепенингот кој се одржа под мотото „ЗДРАВИ ДЕЦА – ЗДРАВА ОКОЛИНА“ е дел од проектот поддржан од американската влада кој се реализира во повеќе општини во земјата.


Децата се натпреваруваа во повеќе дисциплини под надзор на обучени тренери. По малиот напор  стотината деца имаа заеднички оброк и убаво се дружеа.


Сличен натпревар вчера се  одржа во Белчишта, а на 18-ти мај ќе се одржи во Струга.

Ohridnews