Со свечен коктел на кој присуствуваа бројни гости, вчеравечер, започна со работа аптеката „Здравје и убавина“, која се наоѓа на улицата „Јане Сандански“.

Она по што се издвојува оваа приватна здравствена установа, во која освен хемиски лекарства и лекарства на природна база, можат да се купат и производи наменети за деца и бебиња и здрава храна, е тоа што посебен акцент е ставен на убавината и козметичките производи.

Аптеката е од отворен тип, на купувачите кои имаат слободен пристап до козметиката, им се посветува особено внимание. Можат да добијат бесплатни совети за убавина со цел да го одберат и купат соодветниот вид на козметички производ зависно од типот на нивната кожа, вели сопственичката на аптеката, Маја Булеска, магистер по фармација и специјалист по козметологија .

Во новоотворената аптека „Здравје и убавина“ можат да се најдат бројни познати брендови од медицинската козметика, меѓу кои и органската козметичка линија „Natura’s“ која нуди широк асортиман на производи, тестери и каталози. Од аптеката најавуваат промоции на козметички линии на кои ќе присуствуваат и дерматолози кои ќе делат бесплатни совети за заинтересираните граѓани.

Аптеката „Здравје и убавина“ ќе биде отворена од понеделник до петок од 8 до 21 часот и сабота од 9 до 21 часот.

OhridNews