Завршувањето на есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига југо-запад не значеше крај за активностите на Фудбалскиот клуб Караорман, туку почеток на екипирање на струшкиот фудбалски бисер за враќање на правите патеки.

По тој повод, клубот назначи нов тренер. Здравко Цветаноски ќе ги води фудбалерите во текот на зимските подготовки и пролетната полусезона во Третата МФЛ. Цветаноски, минатата полусезона ја помина во Велешта, додека од претходно искуство има водејќи екипи во Првата и Втората лига.

Во стручниот штаб на Цветаноски останува Илче Перески кој го предводеше Караорман. Во зимскиот преоден рок ќе се донесат некои нови фудбалери со кои ќе се подигне квалитетот на струшкиот фудбалски клуб.

Полусезоната во Третата лига, Караорман ја заврши на 9-та позиција со 17 бодови.

OhridNews