Охридскиот Здравствен дом или таканаречената „Маларична Болница“ во иднина да се вика „Д-р Елена Каваева“. Ваква иницијатива денес усвои Советот на општина Охрид по предлог на советничката група на СДСМ.
Исто така беше прифатен и предлогот, Советот да донесе одлука со која старателството за одржување на нејзиното вечно почивалиште во градските гробишта, да го преземе општина Охрид.
Двете иницијативи ги поддржа и Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој рече дека лично ќе се заложи за забрзување на процедурата во Министерството за здравство за именување на оваа здравствена установа.
Оваа иницијатива произлезе откако OhridNews неодамна ја објави сторијата „Охрид ја заборави Д-р Елена Етингер – Каваева“ .
OhridNews