Еден од најдобрите македонски маратонци во моментов Евгениј Поп Ацев поради болест го откажа учеството на Охридскиот пливачки маратон. Здравествените проблеми го “заковаа“ Поп Ацев за креветот и тојодлучи наредната 2014 година да се посвети целосно на своето закрпенување.


 – Плановите за новата сезона ќе мора да причекаат. Лекарите ми препорачаа воздржување од поголеми физички напори во следните шест месеци, што значи дека сезоната 2014 ќе мора да ја прескокнам. Што ќе биде натаму не знам, не сакам да размислувам сега за тоа, можеби тоа ќе значи и крај на мојата пливачка кариера. Најбитно во моментов, па и понатаму, ми е здравјето. Сѐ друго е второстепено – рече Поп Ацев во изјава за “Нова Македонија“.

Поп Ацев има серија победи на “малиот маратон во Охрид, а на големиот најдоброто издание го имаше пред две сезони кога го освои третото место.Ужива да плива и Аргентина, каде маратони се одржуваат во реки.

– Мене лично, секако и од патриотски причини, трката во Охрид ми е омилена, а ако веќе треба да се решам за најнеомилената, тогаш тоа е пливањето по реките во Аргентина, каде што водата е топла и многу нечиста. Конкуренцијата во светската серија е силна, сите се добри пливачи, а најголем ривал ми е годинашниот победник Баум. Но нашата борба за првото место ќе мора да причека – рече Поп Ацев.

Во натпреварите од светската гранпри-серија Поп Ацев го освои одличното второ место, со 61 поен по осум трки, само еден помалку од победникот, Аргентинецот Дамиан Баум. За минатогодишните постигнувања го доби признанието за најдобар спортист на градот Скопје.

ohridnews