Здружената опозиција, во текот на денешниот ден ќе организира протестен марш со автомобили низ охридските улици.

Како што е најавено, протестниот марш ќе започне во 16:30  од пред седиштето на ОО на СДСМ на булеварот „Туристичка“, а ќе продолжи низ повеќе улици во градот.

Како што соопштуваат од оваа партија, колоната ќе движи по Булевар „Туристичка“ до крстосницата со Ул. „Абас Емин“  – „Гоце Делчев“- „Бистрица“- Бул.„ Туристичка“ до Охридска Банка – „7-ми Ноември“- „Марко Нестороски“- „Питу Гули“- „Јане Сандански“- „ Галичица“ – „АСНОМ“ – „Никола Карев“ до маркетот на Тинекс.

OhridNews