Здружението на пензионери за Охрид и Дебрца, со писмен допис, известува дека со решение на Основното јавно обвинителство од 15 ноември, е отфрлена кривичната пријава против претседателот и секретарот на организацијата, што на 25 јули оваа година ја поднесе СВР Охрид.

СВР Охрид го сомничеше раководството на Здружението на пензионери за Охрид и Дебрца за сторено кривино дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење“.

-Кривичната пријава е отфрлена поради немање на основи на сомнение дека пријавените лица од страна на СВР Охрид ги извршеле наведените дејствија, за што посочената служба ја информираше пошироката јавност преку медиумите, со што е нанесена штета на угледот на организацијата и нејзиното раководство. –  се вели во писмениот допис на Здружението на пензионери за Охрид и Дебрца.

OhridNews