– Актуелниот Управен одбор успешно работи веќе десет години и се надевам дека така ќе продолжи и новиот. Старите членови на здружението остануваат, ќе се смени само Управниот одбор, вели претседателот на здружението, Љупчо Арнаудов.
Тој потенцира дека во здружението никогаш не се случиле сериозни несогласувања меѓу членовите. – Ако до тоа дошло во неколку случаи, сепак било во нормални размери како и во секое поголемо семејство, додава Арнаудов.
Како што потенцира тој здружението продолжува да работи со полна пареа, преку реализирање на бројни активности и преку целата година, збогатувајќи ја манифестацијата по која Охрид станува се повеќе препознатлив во регионот и пошироко.