По повод меѓународниот ден на инвалидите 3-ти декември Здружението на инвалиди на трудот -Охрид одржа свеченoст на кoја беа доделени признанија на учесниците на националните спортски игри организирани од Сојузот на Инвалиди на трудот на Република Македонија на кои охридската организација екипно го освои 1-вото место.
Пригодно обраќање имаше претседателот на Здружението на инвалиди на трудот -Охрид Благоја Крстаноски, кој се осврна на проблемите со кои се соочуваат лицата со загубена работна способност кои поради повреда или болест се исфрлени од работниот процес, но не по своја вина или желба се здобиле со инвалидност.
Свеченоста на која присуствуваа гости од здруженијата на инвалиди од Кавадарци и Гевгелија како и претседателот на здружението на пензионери од Охрид, мина без официјални претставници од градот, иако тие беа уредно поканети, истакнаа од Здружението на инвалиди на трудот.
Меѓународниот ден на инвалидите е востановен од Обединетите нации.
OhridNews