Над 70 членови од охридското Здружение на инвалиди на трудот, викендов ги посетија градовите Поградец и Корча во соседна Албанија.

Во рамки на посетата, тие имаа можност да видат повеќе атрактивни локации во овие два града, меѓу кои и изворите во Село Тушемиште, црквата и пазарот во Корча.


Како што информираат од здружението, во текот на посетата во Албанија нив ги придружувала и сообраќајна полиција која се погрижила за нивен безбеден престој во земјата.
 
– При престојот во Албанија, ни се придружија и членови од Здружението на пензионери од Охрид и општина Дебрца . Еднодневниот излет успешно беше реализиран и сите задоволни се вративме во Охрид – изјави претседателот на Здружение на инвалиди на трудот, Охрид, Благоја Крстаноски.

OhridNews