Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид, го осудува навредливиот говор кој последните денови провејува во јавно изнесените ставовови, рекции, соопштенија и коментари поврзани со актуелните случувања околу работата на Единицата на локалната сампоуправа Охрид, стои во соопштението за јавност објавено денеска од Регионалната канцеларија на ЗНМ во Охрид.
Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид, апелира до носителите на јавни функции да ги почитуваат медиумите , а новинарите професионално да ја информираат јавноста, притоа јасно одделувајќи ги редакциските и личните коментари од вестите, со цел објективно информирање на јавноста. – се вели во рекацијата на Здружение на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид.