Здружението на новинари Охрид бара да престане говорот на омраза
25.11.11 16:20
Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид, го осудува навредливиот говор кој последните денови провејува во јавно изнесените ставовови, рекции, соопштенија и коментари поврзани со актуелните случувања околу работата на Единицата на локалната сампоуправа Охрид, стои во соопштението за јавност објавено денеска од Регионалната канцеларија на ЗНМ во Охрид.
– ЗНМ-Охрид остро реагира на етикетирањето на новинарите, кои во телевизиски настап од страна на градоначалникот на Охрид Александар Петрески беа наречени „јаничари“. Таквите квалификации се некоректни и крајно штетни, а покрај чувство на навреда создаваат погрешна слика во јавноста за новинарите.
Здружението на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид, апелира до носителите на јавни функции да ги почитуваат медиумите , а новинарите професионално да ја информираат јавноста, притоа јасно одделувајќи ги редакциските и личните коментари од вестите, со цел објективно информирање на јавноста. – се вели во рекацијата на Здружение на новинари на Македонија – Регионална канцеларија Охрид.
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 14:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Сирма Војвода“, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претп...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, пс...
Растот на трговијата и туризмот создава нови можности за поблиска економска соработка меѓу Србија и Македонија во пресрет на EXPO 2027 Белград Овие можности беа во фокусот на настанот „Visit Serbia...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.