По повод 65 годишнината од Пензионерската организација во Македонија и 20 години независност на државата, Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца на 25 септември организираат свечена прослава.

На свеченоста која ќе се одржи општинската зграда, предвидено е да се обратат претседателот на Собранието на здружението на пензионери од Охрид и Дебрца, Маринела Јовановиќ, претседателот на ИО на здружението, Ѓорѓи Трпчевски и градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески.

Ќе бидат доделени и признанија, благодарници и награди на членовите на здружението, а предвидена е и културно- уметничка програма на која ќе настапат “ Распеани охриѓани” и културно- уметничките друштва од Врање- Србија и од Стара Загора- Бугарија.

OhridNews