Собранието на Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца, на 9-та редовна седница во проширен состав со Извршниот и Надзорниот одбор и Комисијата за статут и правни прашања, што се одржа викендов, усвои Програма за избори на органите и телата на здружението, кои ќе почнат од средината на јануари, а треба да завршат до март наредната година.

Мандатот на членовите на органите и телата на здружението е за периодот од 2019 до 2023 година. Формирана и Изборна комисија, која ќе ги спроведе изборните активности во сите 21 месен огранок на подрачјето на општините Охрид и Дебрца. – соопшти Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца.

Како што соопшти здружението, членовите на Собранието на ЗП Охрид и Дебрца на седницата ја прифатиле информацијата за финансиското работење во деветте месеци од оваа година на здружението и Клубот на пензионерите, а усвоена била и програма за работа и финансиски план за 2019 година.

На почетокот на седницата со едноминутно молчење му беше оддадена почит на ненадејно починатиот градоначалник на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски.

OhridNews