Здружението на трудовите инвалиди од општините Охрид и Дебрца вчера одржа годишно собрание. На сoбранието Извештај за работа на здружението поднесе претседателот Климе Димоски кој рече дека во текот на минатата година се постинати програмските задачи согласно Националниот сојуз на трудовите инвалиди на Македонија и програмските определби на здружнието од аспект на финансиските можности. Тој минатата година ја оцени како позитивна особено на културен и спортски план нагласувајќи дека на финансиски план Здружението на трудови инвалиди забележало позитивни резултати и покрај потешкотиите на општестен план.

Во името на Локалната самоуправа присутните на Собранието ги поздрави заменик-градоначалникот на Охрид Ангел Јанев, кој потенцира дека Локалната смоуправа во рамките на своите материјални можности ги помага сите владини невладини организации, а особено лицата од социјалната категорија меѓу кои и трудовите инвалиди. Тој во името на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески вети дека и натаму ќе ги поддржува активостите на Здружението на трудовите иналиди, особено во нивното имплементирање на ИПАРД фондовите за финансирање од каде што можат да користат големи финансиски средства.

Годишното Собрание на Здружението на Трудовите инвалиди го поздрави и директорот на Центарот за социјални работи Екрем Каљоши и претседателот на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца.

OhridNews