Во изминатите две децении, ниту една граѓанска иницијатива не поминала пред политичарите од осамостојувањето на земјава. Здруженијата кои се обидуваат преку иницијативите да променат дел од законите, ќе бараат измена на Законот за референдум.

Тие велат дека поради неспроведувањето на веќе постоечкиот закон, пропаднале дел од нивните обиди за да издејствуваат промена на членови во законите, како што се примерите со Еколошкото друштво „Вила Зора“ и граѓанската иницијатива АМАН за враќање на ефтината струа.

Здруженијата најавија дека во иднина ќе се обидат заеднички да изнајдат начин да се спротистават на ваквата пракса.

OhridNews