По повод денот на пролетта, 21-ви март, Ј.П.”Охридски Комуналец”, Општина Охрид и основните школи на територијата на Општина Охрид, денеска организираат заедничка акција за чистење на животната околина. Во акцијата во која учество ќе земат екипи на јавното претпријатие и ученици ќе се расчистува просторот на повеќе локации.

Учениците од О.У.”Наум Охридски”-Пештани заедно со вработените од Комуналец ќе го чистат крајбрежниот појас и плажите кои не се дадени под концесија во с.Пештани и на потегот од  населба Лагадин до с.Пештани. Учениците од О.У.”Климент Охридски” ќе го расчистуваат шумскиот дел во стариот дел од градот и крајбрежниот дел околу школото во населба Далјан, додека учениците од другите училишта ќе ги расчистуваат школските дворови и просторот околу училиштата.

По повод Денот на пролетта  Ј.П.”Охридски Комуналец”  во зелениот појас низ целата должина на “Булевар Туристичка” ќе засади 50 украсни оформени садници од сопствено производство.    

OhridNews